ПРЕПОЛОВЕН БРОЈОТ НА СТУДЕНТИ НА БИТОЛСКИОТ УНИВЕРЗИТЕТ

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:45:"Битола,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ПРЕПОЛОВЕН БРОЈОТ НА СТУДЕНТИ НА БИТОЛСКИОТ УНИВЕРЗИТЕТ

    Преполовен е бројот на студенти кои се запишаа на Битолскиот универзитет „Св. Климент Охридски“  во оваа академска година во споредба со оној од пред десет до петнаесет години. Според официјалните податоци на универизитетот, во првиот и вториот уписен рок годинава се запишале 1.600 нови студенти, заедно со третиот упис се очекува бројката да достигне до 2.000. Пред деценија и половина годишно универитетот имаше над 3.000 бруцоши.

    „Бројките се сериозно опаднати. 3.000 наспрема 2.000 – тоа е и во апсолутен и во процентуален однос драстично опаѓање на бројот на новозапишани студенти. Тоа е генерален тренд во високото образование тука и на Балканот. Работиме во услови на исклучително комплексна конкуренција, понекогаш лојана, понекогаш нелојална, во сложени услови на намален наталитетот и процеси на миграција“, вели ректорот Сашо Коруновски.

    Тој објаснува дека ваквите бројки обезбедуваат оптимален образовен процес на Универитетот и нема драстично намалување на студенти само на некоја единица што би го загрозило нејзиниот останок.

    „Со нашите млади кадри ги храниме европските универзитети. Спремни сме да се соочиме со резултатите од нашиот високо образовен процес наспроти оној од европските земји. Ова не потикнува да размислуваме за заеднички студиски програми со некои од универзитетите во Европа“, вели ректорот.

    На прашањето дали тоа значи дека дисперзираните студии не го дадоа посакуваниот ефект, тој вели дека на еден факултет треба да има по една дисперзија, а не повеќе. „Мое лично мислење е дека повеќе од една дисперзија на факултет е проблематична во квалитетот. Тоа значи дека доаѓаме во еден процес на редукција на тие дисперзирани студии, редукција во обем која универзитетите и министерството треба да го договорат. Од друга страна тоа е пристапност на сите до студирањето, дилемата е да не се затворат вратите за оние кои не можат да си дозволат студии во поголемите центри, и но и колку е тоа на сметка на кавлитетот“, вели ректорот Коруновски.

    Дел од факултетите на Битолскиот универзитет имаат по неколку дисперзирани студии во други градови.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира