ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА НА СОЈУЗ НА СТОПАНСКИ КОМОРИ ДАНИЕЛА АРСОВСКА НАЈАВИ КАНДИДАТУРА ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЧКА НА СКОПЈЕ

    ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА НА СОЈУЗ НА СТОПАНСКИ КОМОРИ ДАНИЕЛА АРСОВСКА НАЈАВИ КАНДИДАТУРА ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЧКА НА СКОПЈЕАрсовска на својот фејсбук профил денеска објави дека ќе биде независен кандидат за градоначалник на Град Скопје. (Фото: Фејсбук)

    Претседателката на Созуј на стопански комори Даниела Арсовска ќе се кандидира за градоначалничка на Град Скопје на претстојните локални избори. Арсовска на својот фејсбук профил денеска објави дека ќе биде независен кандидат за градоначалник на Град Скопје.

    „Време е да делуваме различно од досега, а времето не чека никого. Доаѓа крајот на политички агенди и лажни ветувања. Политички калкуланти, лаги и корупција континуирано ни ги одземаат шансите за нормален живот. Заткулисни игри предолго го окупираат градот и неговото функционирање, а незадоволството кај граѓаните континуирано се зголемува.Ние како граѓани не бараме многу. Не бараме лажни ветувања кои никогаш нема да бидат исполнети од страна на политичарите. Напротив, ни требаат храбри личности кои ќе ги застапуваат нашите права и привилегии и ќе се грижат за нашите потреби за достоен живот како што заслужува секој еден граѓанин. Мора да имаме храброст и да кажеме ‘Ние заслужуваме подобро‘. Од таа причина одлучив да делувам и се кандидирам за градоначалник на нашето Скопје како независен кандидат на луѓето на Скопје“, напиша Арсовска на својот фејсбук профил.

    Независен кандидат од Зелен хуман град за градоначалник на Скопје ќе биде Ана Петровска. СДСМ на изборите ќе одат со актуелниот градоначалник Петре Шилегов, а ВМРО-ДПМНе уште не објавил кој ќе биде нивни кандидат.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира