ПРИТВОР ЗА ОХРИЃАНЕЦ ОСОМНИЧЕН ЗА ПРОИЗВОДСТВО И ДИСТРИБУЦИЈА НА ДЕТСКА ПОРНОГРАФИЈА

    ПРИТВОР ЗА ОХРИЃАНЕЦ ОСОМНИЧЕН ЗА ПРОИЗВОДСТВО И ДИСТРИБУЦИЈА НА ДЕТСКА ПОРНОГРАФИЈАПри претресот биле пронајдени и одземени десктоп компјутер и видеоматеријали со експлицитни содржини од детска порнографија.(Фото:СДК.МК)

    Охриѓанец на 42 годишна возраст е осомничен за кривично дело „производство и дистрибуција на детска порнографија“, откако полицијата при претрес во неговиот дом пронашла и одзела компјутерска опрема и видеоматеријали со експлицитни содржини, соопшти охридската полиција.

    По лишувањето од слобода, судија на претходна постапка му одредил притвор во траење од 30 дена.

    „Отсекот за компјутерски криминал при СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.Д.(42) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „производство и дистрибуција на детска порнографија“ по член 193-а од Кривичниот законик“, велат од СВР Охрид.

    Претресот бил извршен вчера, со судска наредба. Во акцијата учествувале полициски службеници од СВР Охрид, во координација со припадници на Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР.

    При претресот биле пронајдени и одземени десктоп компјутер и видеоматеријали со експлицитни содржини од детска порнографија. По пронаоѓањето на материјалите, осомничениот веднаш бил лишен од слобода.

    С. ВРЕНЦОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира