ПРИВЕДЕНО ВО ПОЛИЦИЈА ЕДНО ЛИЦЕ ОД ТЕТОВСКО ЛАВЦЕ ЗА ОРГАНИЗАЦИЈА НА БОРБИ СО КУЧИЊА

    ПРИВЕДЕНО ВО ПОЛИЦИЈА ЕДНО ЛИЦЕ ОД ТЕТОВСКО ЛАВЦЕ ЗА ОРГАНИЗАЦИЈА НА БОРБИ СО КУЧИЊАФотографиите се крајно вознемирувачки бидејќи прикажуваат кучиња облеани во крв како последица од меѓусебните борби. (Фото: Фејсбук)

    На социјалните мрежи групата „Бездомни животни“ од Тетово објави фотографии на кои, како што велат, е прикажано лице кое организирала борби со кучиња. Фотографиите се крајно вознемирувачки бидејќи прикажуваат кучиња облеани во крв како последица од меѓусебните борби.

    На постот на оваа фејсбук групата се вели дека вакви незаконски борби ги организирало лицето Хабил Харуни. Тие бараат да се преземат мерки против ваквото измачување на кучињата и да се спречи оваа незаконска појава. На повикот реагираа од СВР Тетово и соопштуваат дека едно лице е лишено од слобода бидејќи било вклучено во извршување на кривичното дело „мачење животни“.

    „Полициски службеници на СВР Тетово во содејство со полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, вчера околу 12 часот и 40 минути во тетовско Лавце го лишиле од слобода 19-годишниот Х.Х. од ова село поради сомнение дека заедно со уште две други лица бил инволвиран во кривично дело „мачење животни“. Тој минатата недела организирал борба помеѓу две кучиња, а потоа снимениот материјал од борбата го објавил на социјална мрежа. Едно од кучињата со видливи повреди било пронајдено во напуштена куќа во тетовско Селце, по што било предадено на Агенцијата за храна и ветеринарство. Х.Х. е задржан во Полициската станица Тетово за целосно расчистување и документирање на случајот“, кажа портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

    З. АНДОНОВ

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира