ПРОДОЛЖИ ОТКУПОТ НА ТУТУНОТ, ИНСПЕКТОРАТОТ ЗА ЗЕМЈОДЕЛИЕ ВЕТИЛ РЕШЕНИЕ ЗА ПРОБЛЕМОТ НА ТУТУНАРИТЕ

    ПРОДОЛЖИ ОТКУПОТ НА ТУТУНОТ, ИНСПЕКТОРАТОТ ЗА ЗЕМЈОДЕЛИЕ ВЕТИЛ РЕШЕНИЕ ЗА ПРОБЛЕМОТ НА ТУТУНАРИТЕТутунарите протестираа оти Централниот регистар не го прифаќа Ванчо Коцев од Неготино како новоизбран претседател на Сојузот на здруженијата на тутунопроизводителите, со одлуката на вонредното собрание одржано на 10 декември лани (Фото: СДК.МК)

    Тутунарите го одложија  најавеното повлекување на нивните претставници од откупните пунктови, откако Државниот инспекторат за земјоделие вети дека проблемот со упис на новиот претседател во Централен регистер ќе биде решен. Oткупот на тутунот денес продолжи.

    „Утрово добивме допис од Државен инспекторат за земјоделие со ветување дека проблемот ќе биде решен. Побараа да не ги повлекуваме нашите претставници од откупните пунктови, за тој да продолжи, на што одговоривме позитивно. Ние им веруваме дека ќе го решат проблемот, останува во пракса тоа тие да го покажат“,  велат од Сојузот на Здруженија на тутунопроизводители.

    Причината за нивното незадоволство е што Централниот регистар не го прифаќа Ванчо Коцев од Неготино  како новоизбран претседател на Сојузот на здруженијата на тутунопроизводителите, со одлуката на вонредното собрание одржано на 10 декември лани. Централниот регистар ги отфрлил одлуките  на вонредното собрание оти немале доказ за утврдување на фактот дали иницијаторите  имале легитимитет, поточно дало вонредното собрание било свикано од една третина на членовиЦете на собранието.

     П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира