ПРОНАЈДЕН ПОЖАРНИКАРОТ КОЈ ИСЧЕЗНА ВЧЕРА ДОДЕКА ГАСНЕЛ ПОЖАР КАЈ ШТИПСКОТО СЕЛО СЕЛЦЕ

    ПРОНАЈДЕН ПОЖАРНИКАРОТ КОЈ ИСЧЕЗНА ВЧЕРА ДОДЕКА ГАСНЕЛ ПОЖАР КАЈ ШТИПСКОТО СЕЛО СЕЛЦЕПожарникарот сега е во добра состојба (Фото: СДК.МК)

    Пожарникар кој во изминатите два дена учествувал во гаснењето на пожарот кај штипското село Селце на планината Серта и бил пријавен за исчезнат денеска попладне бил пронајден и со хеликоптер извлечен од опожареното подрачје.

    По пријавата за исчезнување, веднаш била организирана потрага. Биле ангажирани хеликоптерската единица за полициски намени при Одделот за воздухопловство и алпинистички тим, кои успеале да го пронајдат на непристапен терен и да го спасат.

    Дарко Коцев, командирот на Противпожарната единица во Штип која учествуваше во гаснењето на пожарот со неколку свои екипи, кажа дека пожарникарот сега е во добра состојба. Тој при синоќашното локализирање на пожарот, како што самиот кажал, добил вртоглавица, се онесвестил и самиот не знае колку време бил во таква состојба.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира