ПРОПАЃА ПЛАНИНАРСКИОТ ДОМ ВО ДРАЧЕВИЦА НА КОЖУФ

a:2:{s:16:"td_post_template";s:18:"single_template_EU";s:9:"td_source";s:56:"ДемирКапија,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ПРОПАЃА ПЛАНИНАРСКИОТ ДОМ ВО ДРАЧЕВИЦА НА КОЖУФ

    Пропаѓа некогашниот планинарски дом во демиркапиското село Драчевица, вода прокиснува од таванот, измет од птици по душеците од креветите. Домот е лоциран во пазувите на Кожуф Планина од каде што на дофат се многу планински убавини.

    Неготинскиот планинар Диме Ѓорѓиев, кого го врзуваат многу убави спомени за овој објект сместен во прекрасна природа и здрава околина, не може да се помири со тоа дека домот е оставен на милост и немилост на забот на времето.

    Вода прокиснува од таванот и има измет од птици по душеците од креветите (Фото: СДК.МК)

    Вода прокиснува од таванот и има измет од птици по душеците од креветите (Фото: СДК.МК)

    „Во моите уши сѐ уште одѕвонуваат звуците од гитарите и песните со кои ние планинарите од цела поранешна Југославија се дружевме тука. Во овој дом преноќуваа по седумдесетина планинари од разни краеви на светот. Беа тоа многу убави времиња, ние планинарите од тогашното планинарско друштво ‘Просек’ од Неготино упорно работевме за да го одржиме домот во одлична кондиција, затоа што тој беше важен сегмент од нашите животи. По неколку дена седевме тука и работевме за да го дигнеме на нозе, што се вели. Подоцна, објектот колку што ние знаеме ѝ припадна на Општината Демир Капија и ние веќе немавме контрола врз него, доаѓаа разноврсни луѓе недомаќини. Сега, како што гледате, е во многу лоша состојба, катастрофа, упропастен“,  вели Ѓоргиев со многу емоции.

    Љубовта кон планинарењето и сега го води кон Драчевица.

    „Наша желба е овој дом повторно да се даде на планинари, тие да се грижат за него. Без разлика на кое планинарско друштво, важно местово да може да биде собиралиште за вљубениците во планинарењето. Ние од нашето сегашно ново планинарско друштво ‘Антигонеа’ од Неготино сме спремни да помогнеме во рамките на своите можности, повторно да биде ова планинарски дом на кој би се гордееле. Вака како што е уништен, ако се остави така уште некое време, ќе пропадне сосем. Жалосно е да пропаѓа ваков објект со голем капацитет кој своевремено имаше и кујна и сала за забава а за кој не врзуваат убави моменти“, вели Ѓоргиев.

    Во најдобрите времиња, во домот преноќуваа по 70-на планинари од цел свет (Фото: СДК.МК)

    Во најдобрите времиња, во домот преноќуваа по 70-на планинари од цел свет (Фото: СДК.МК)

    Од Федерацијата на планинарски спортови на Македонија ни потврдија дека некогашниот планинарски дом во Драчевица не е во нивна сопственост.

    Градоначалникот на Демир Капија Трајче Димитриев ни рече дека начелно се договориле со спортскиот клуб „Клисура” од Демир Капија да го преземе управувањето со планинарскиот дом.

    „Потребно е тие да предложат  идеја за реконструкција и Општината да им обезебеди финансии за материјал. Рекоа дека самите со работна сила ќе учествуваат во санацијата на објектот“, вели градоначалникот Димитриев.

    Е. БОЧВАРОСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари