ПРВАТА ЗАЕДНИЧКА ГРАДИНА ЌЕ СЕ УРЕДУВА НА 3.000 КВАДРАТИ ВО АЕРОДРОМ, ОБЈАВЕН ПОВИКОТ ЗА УЧЕСТВО

    ПРВАТА ЗАЕДНИЧКА ГРАДИНА ЌЕ СЕ УРЕДУВА НА 3.000 КВАДРАТИ ВО АЕРОДРОМ, ОБЈАВЕН ПОВИКОТ ЗА УЧЕСТВОГолемината на парцелите ќе биде околу 50 квадратни метри и за нивното користење нема да се плаќа надоместок (Фото: Општина Аеродром)

    На површина од околу 3.000 квадратни метри во Општина Аеродром, во август ќе почне изведбата на општествена (заедничка) градина, каде граѓаните ќе работат на здружено градинарство.

    „Ова е прва градина од ваков тип во Скопје. Големината на парцелите ќе биде околу 50 квадратни метри и за нивното користење нема да се плаќа надоместок“, вели Општината.

    Градината ќе ја изведува граѓанската организација „Зелената арка“ во паркот „Февруарски поход“ во Ново Лисиче, крај брегот на реката Вардар.

    Од Општината велат дека сите заинтересирани од Скопје што имаат желба за здружено градинарство, може да ја пополнат пријавата за учество во општествената градина преку овој линкот: https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSf2dYp-M0VIJZ8W3zCBrD-fbU332kUeaZRxfk6D4nStaUYZJQ/viewform 

    Заедничката градина се изведува како дел од проектот „Развивање на прва урбана градина во Град Скопје“ со пари обезбедени од Град Скопје и со локална логистичка поддршка од Општина Аеродром.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира