СО ПЦОВКИ ИЗБРКАНА ЕКИПА НА ЛОКАЛНА ТЕЛЕВИЗИЈА ДА НЕ ИЗВЕСТУВА ЗА РЕФЕРЕНДУМ ВО ОПШТИНА НОВО СЕЛО

    СО ПЦОВКИ ИЗБРКАНА ЕКИПА НА ЛОКАЛНА ТЕЛЕВИЗИЈА ДА НЕ ИЗВЕСТУВА ЗА РЕФЕРЕНДУМ ВО ОПШТИНА НОВО СЕЛОГрадоначалникот Општина Ново село Блажо Велков на седница на Советот на општината.

    На новинарската екипа на струмичката телевизија Канал ВИС ѝ беше забрането да ја следи седницата на Советот на Општина Ново село, на која што се расправаше дали да се донесе одлука за референдум за отворање рудници. Новинарската екипа се обидела да добие одговор зошто да не се регистрира сѐ што се зборува на седницата, која патем била јавна, градоначалникот Блажо Велков и советникот од ВМРО-ДПМНЕ Божин Јованов му забраниле на камерманот да продолжи со снимањето, упатувајки му нему и на новинарката недолични зборови.

    „Гаси камерата, сега јас ќе зборувам. Ќе снимате кога јас ќе завршам“, со овие зборови од градоначалникот Велков и сочни пцовки од страна на советникот од ВМРО ДПМНЕ Јованов ѝ беше оневозможено на екипата на Канал ВИС да известува од седницата.

    Инцидентот се случил во присуство на преставници на здружението „Здрава котлина“, кои бараат референдумско изјаснување, но и пред сите советници кои следеле сѐ што се случувало на седницата со новинарската екипа. Место да се дозволи да се продолжи со следење на седницата на градоначалникот Велков, станувајќи ја прекинал истата сѐ додека екипата на Канал ВИС не ја напушти.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира