РАБОТНИЧКИОТ УНИВЕРЗИТЕТ ОД ВЕЛЕС, ЧИЈА ЗГРАДА ПОЛА СЕ СРУШИ, ЌЕ ПРОДОЛЖИ ДА РАБОТИ ВО ПОРАНЕШНОТО ШКОЛО „ЏИНОТ“

    РАБОТНИЧКИОТ УНИВЕРЗИТЕТ ОД ВЕЛЕС, ЧИЈА ЗГРАДА ПОЛА СЕ СРУШИ, ЌЕ ПРОДОЛЖИ ДА РАБОТИ ВО ПОРАНЕШНОТО ШКОЛО „ЏИНОТ“Пола зграда на Работничкиот универзитет се сруши, откако градежник на куќа во соседството започна да ја руши, а немал одобрение. (Фото: СДК.МК)

    Советот на Општина Велес одлучи времено да се дадат на користење три простории од поранешното основно училиште „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“, за да може Работничкиот универзитет „Благој Страчковски“ непречено да ги продолжи неговите тековни активности. Зградата на Работничкиот универзитет се сруши, откако градежникот на куќа во соседството започна да ја руши, а немал одобрение. Објектот е изграден 1920 година и е државна сопственост.

    Точката беше ставена како итна на последната 18. седница, по барање на градоначалникот Марко Колев и беше едногласно усвоена. Советникот Коста Нојков имаше забелешка во дел на плаќање на наемнината.

    „Добро е што ќе дадеме простории каде Работничкиот универзитет ќе може да продолжи со неговите работни активности. Но сметам дека во одлуката треба да се вметне и член со која инвеститорот на куќата, која при рушењето го сруши и дел до Работничкиот ќе биде задолжен да плаќа месечна наемнина. Тоа е негова обврска најмалку за тоа што го стори со зградата“, рече Нојков, но забелешката не беше усвоена.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира