РАСФРЛАН ОТРОВ И НИЗ ТИКВЕШИЈАТА, ПО СТО ЕВРА НАГРАДА ЗА ПРИЈАВЕН ТРУЈАЧ

    РАСФРЛАН ОТРОВ И НИЗ ТИКВЕШИЈАТА, ПО СТО ЕВРА НАГРАДА ЗА ПРИЈАВЕН ТРУЈАЧСопствениците чии миленичиња се отруле се револтирани се бидејќи засега, како што велат, никој не е казнет за овие злодела. - Бездомно куче во центарот на Кавадарци (архивска фотографија)

    Здружението Срце за животните Тиквеш“ од Кавадарци повика на внимателност, бидејќи низ Тиквешијата е расфрлан отров. Претседателот на здружението Виолета Николова вели дека даваат по сто евра награда за секоја пријава на трујач и валиден доказ за на суд.

    „Повеќе детали немаме, освен што дознаваме од повеќе градови дека има масовно труење. Кај нас секојдневно се труе, отров за жал може да се сретне насекаде. Затоа апелираме на внимателност заради заштита на домашните миленичиња но и кучињата скитници, но особено на децата и луѓето кои исто така можат да дојдат во допир со расфрланиот отров“, ни изјави Николова.

    Не стивнуваат и реакциите на оние чии миленичиња починале од расфрлан отров. Неготинец се пожали дека денеска му настрадало кучето кое синоќа му правело друштво додека тој чистел од отровот „ланате“ низ градот. И тој повика на внимателност, бидејќи како што додаде, психопати шетаат меѓу нас.

    Сопствениците чии миленичиња се отруле велат дека загубата е како загуба на член од семејството и размислуваат да покренат и тужби заради душевна болка. Револтирани се бидејќи засега, како што велат, никој не е казнет за овие злодела.

    С. ДАРУДОВА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира