Градоначалничката Данела Арсовска денеска го разреши од функцијата директорот на „Паркови и зеленило“ Ардијан Муча и на негово место го назначи Ангеле Сотировски. Сотировски е вработен во ЈП „Паркови и зеленило“ и е претседател на градската организација на Социјалистичката партија, коалиционен партнер на ВМРО-ДПМНЕ.
Ова јавно претпријатие повторно го раководи кадар на Социјалистичката партија, како што беше во двата мандатa на ексградоначалникот Коце Трајановски, кога директори беа Љупчо Димовски и Душан Авировиќ. Со доаѓањето на функција на поранешниот градоначалник Петре Шилегов „Паркови и зеленило“ го доби ДУИ и за директор беше поставен Ардијан Муча.
А. АНТЕВСКА