РЕГИОНАЛНАТА ДЕПОНИЈА „РУСИНО“ ДОБИ СПЕЦИЈАЛИЗИРАНА МЕХАНИЗАЦИЈА ВРЕДНА НАД МИЛИОН ЕВРА

    РЕГИОНАЛНАТА ДЕПОНИЈА „РУСИНО“ ДОБИ СПЕЦИЈАЛИЗИРАНА МЕХАНИЗАЦИЈА ВРЕДНА НАД МИЛИОН ЕВРАМеханизацијата вредност од 1.114.200 евр се состои од нови компактори, товарачи, трактори со приколки, камиони за транспорт и одложување на сметот. (Фото: СДК.МК)

    Регионалната депонија „Русино“ денеска доби нова специјална механизација за поуспешно управување со цврст отпад и зајакнување на оперативниот капацитет на депонијата. Механизацијата вредност од 1.114.200 евр се состои од нови компактори, товарачи, трактори со приколки, камиони за транспорт и одложување на сметот. Депонијата „Русино“ е регионална депонија и во неа се одложува отпадот од деветте општини од Полошкиот Регион.

    Механизацијата е набавена со заем обезбеден преку Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и со поддршка од SECO, WBIF и Владата на Шведска преку програмата СИДА. Оваа инвестиција е дел од проектот за подобрување на условите за управување со отпадот во Полошкиот Регион.

    „Со воспоставувањето на овој систем, конечно ставаме крај на импровизациите и почнуваме трајно да го решаваме проблемот кој со децении ги мачи граѓаните на Гостивар, Тетово и сите населени места во овој регион. А еден од првите чекори е токму новата механизација во износ од над 1 милион евра, со која јакне оперативниот капацитет на ‘Русино’. Паралелно, во тек е подготовка на проектна и тендерска документација за рехабилитација и проширување на депонијата ‘Русино’. Модерниот регионален систем за отпад значи крај на дивите депонии и почист Полог“, изјави министерот за животна средина и планирање Муамет Хоџа.

    На предавањето на опремата покрај министерот за животна средина и градоначалниците од повеќе општини од Полошкиот Регион присуствуваа и амбасадор на Швајцарија Кристофер Зомер и претставници на ЕБОР..
    З. АНДОНОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира