РЕКАТА ЧЕРАВА СО ОТПАД ОД АЛБАНИЈА ГО ЗАТРУПА ЕЗЕРСКИОТ БРЕГ КАЈ ЉУБАНИШТА

    РЕКАТА ЧЕРАВА СО ОТПАД ОД АЛБАНИЈА ГО ЗАТРУПА ЕЗЕРСКИОТ БРЕГ КАЈ ЉУБАНИШТАОд СОС Охрид велат дека отпадот дошол од албанската страна на езерото (Фото: СДК.МК)

    Реката Черава од албанската страна го затрупа со пластичен отпад брегот на Охридското Езеро кај Љубаништа, велат од Охрид СОС.

    „За време на обилните врнежи изминативе денови, огромни количества, најмногу пластичен отпад преку реката Черава од албанската страна завршиле на брегот на Охридското Езеро кај Љубаништа. Ова се случува секоја година, кога отпадот што се фрла во коритото на Черава во Албанија го загадува делот што се влева во езерото. Местото наречено Сукот, делот на Черава што е во Македонија, е само течение и нема население или движење во тој дел, така што пластиката и останатиот отпад доаѓаат од Албанија”, кажаа од Охрид СОС.

    Оттаму порачуваат дека со оглед на тоа што Општина Охрид е збратимена со Поградец очекуваат реакција од нивна страна, за да ѝ се укаже на албанската општина за негативните практики на локалното население, чии последици се видливи во вакви услови.

    „Ова е само доказ за ниското ниво на култура на локалното население, непочитување на природата, реките, езерото и нивно користење како депонија”, рекоа од Охрид СОС.

    Д. ЧУБРИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира