РЕШЕТКА ОД ВЕНТИЛАЦИЈА ПАДНА И ПОВРЕДИ ЖЕНА ВО ПУБЛИКАТА НА КОНЦЕРТ ВО СКОПСКИ КИЦ

    РЕШЕТКА ОД ВЕНТИЛАЦИЈА ПАДНА И ПОВРЕДИ ЖЕНА ВО ПУБЛИКАТА НА КОНЦЕРТ ВО СКОПСКИ КИЦКонцертот не бил прекинат, ниту од музичарите, ниту од публиката, рече директорот Тони Димитров. (Фото: Архива на КИЦ)

    Решетка од вентилација паднала врз жена од публика за време на концерт во Културно информативниот центар (КИЦ) во Скопје, ни изјави директорот Тони Димитров.

    „На 20.11.2025 во 23:15 часот во СВР Скопје од Ургентен центар при Комплекс клиники ‘Мајка Тереза’ Скопје е пријавено дека кај нив била донесена 46-годишната М. И. од Скопје, која се здобила со телесна повреда околу 22:00 часот за време на концерт во Културно информативен центар во Скопје, кога врз неа од таванот паднала решетка од вентилација. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопшти МВР.

    Директорот Димитров ни изјави дека вчера во КИЦ, во Салон 19,19 концерт имала групата „Фулиш грин“, дека по завршувањето на концертот дознале за случката и оти денес се обидуваат да стапат во контакт со повредената жена.

    „Концертот не беше прекинат, ниту од музичарите, ниту од публиката. Никој ништо не изреагира. За сѐ дознавме отпосле“, рече директорот.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира