По многу години, на охридското пристаниште се појави ретка врста птица голем нуркач, која е дел од живиот свет на Охридското Езеро.
„Намаленото присуство на луѓе во овој период доведе до тоа да се забележат и некои досега ‘невидливи‘ животински врсти. На охридското пристаниште деновиве е забележан и птицата голем нуркач, фатена од камерата на наш член. Лебедите навлегуваат кон чаршијата, а, пак, други врсти се охрабрени и слободно се чувствуваат по паркови и зелени површини. Во недостиг на градска бучава, се слуша пеењето на птиците. Во вакви услови можеме да видиме колкав е човечкиот притисок врз нив, врз животната средина и колкав простор им одземаме”, велат од Охрид СОС.
Д. ЧУБРИЌ