РИКЕР ВО БИТОЛА КАЈ ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА ПЕТРОВСКА ПРЕД УТРЕШНИТЕ СРЕДБИ СО ДРЖАВНИОТ ВРВ И ОПОЗИЦИЈАТА

    РИКЕР ВО БИТОЛА КАЈ ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА ПЕТРОВСКА ПРЕД УТРЕШНИТЕ СРЕДБИ СО ДРЖАВНИОТ ВРВ И ОПОЗИЦИЈАТАИзјави за медиумите од Филип Рикер и Наташа Петровска немаше, а во соопштението од Општина Битола се вели дека дел од разговорот биле и актуелната состојба во земјава и градот. (Фото: СДК.МК)

    Филип Рикер, в.д. помошник државен секретар на САД за Европа и Евроазија денес со битолската градоначалничка Наташа Петровска разговараа за актуелната состојби во државата и во Битола, пред неговите утрешни средби во Скопје со премиерот, претседателот, министерот за надворешни работи, како и со пратеници и претставници на опозицијата.

    Средбата меѓу високата делегација на САД и врвот на локaлната власт во Битола се одржа во кабинетот на градоначалничката во Општина Битола, а немаше изјави за медиумите.

    Беше дозволено само новинарските екипи да направат фотогрaфии од средбата. Додека тие фотографираа, Рикер на македонски јазик на новинарите им рече дека му е многу мило што повторно е во Битола заедно со новата амбасадорка на САД Кејт Мари Брнс, која за прв пат престојува во официјална посета на оваа општина.

    Подоцна беше испратено соопштение во кое беше соопштено дека дел од разговорот биле и актуелната состојба во земјава и градот, но немаше други детали на таа тема. Беше наведено дека Рикер рекол оти Битола е градот кој има стратешка позиција и во економскиот и во политичкиот живот во земјава. Петровска пак, ги посочи заложбите за натамошна соработка и се заблагодари на поддршката која градот Битола секогаш ја добива од страна на САД.

    Од Високата делегација од САД, предводена од Рикер во кабинетот на градоначалничката Наташа Петровска, присуствуваа и амбасадорката на САД Кејт Мари Брнс, специјалниот асистент на амбасадорот Рикер, Лахлин Сопер, како и шефот од политичко-економскиот оддел Шенон Рунион.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира