РОЗОВ МАРШ НА ШИРОК СОКАК ЗА ПРЕВЕНТИВНИ ПРЕГЛЕДИ НА ДОЈКА

    РОЗОВ МАРШ НА ШИРОК СОКАК ЗА ПРЕВЕНТИВНИ ПРЕГЛЕДИ НА ДОЈКАСпоред последните статистички податоци, во Битола има над 2.000 лица болни лица од различен карцином. (Фото: СДК.МК)

    Низ Широк Сокак денес се одржа Розов марш за борба против ракот на дојка , преку кој здруженијата организатори „Златно перо“, „Јасмин“ и други невладини организации упатија апел за редовни ревнтивни прегледи кај жените.

    „Апелираме за превентивни прегледи на дојка кај жените. Октомври е месец на борба против рак на дојка. Од она што го имам како информација без некоја детална истражувачка статистика, многу малку жени одат на превентивни прегледи. Но, се надевам дека маршот и хуманитарниот панаѓур ќе поттикнат да има што повеќе прегледи, подобро да превенираме отколку да лечиме”, рече Јулијана Наумовска од здружението „Златно перо“.

    Анета Димитриевска, претседателка на Здружението „Јасмин“ за поддршка на заболени лица од карцином, рече дека во Битола голема е бројката на болни и според последните статистички податоци, има над 2.000 лица болни лица од различен карцином.

    Се претпоставува дека загадениот воздух, лошите навики во исхраната и стресот го зголемуваат бројот на болни.

    „Последните неколку години како да расте свеста кај луѓето дека превенцијата е многу важна. Во Битолската болница е донесен и нов апарат за ехо на дојка и можат да се вршат прегледи на нова апаратура. Меѓутоа, многу од жените стравуваат да одат на прегледи, но стравот не смее да биде пресуден. Поаѓајќи од себе како онколошки пациент, секој човек треба од својата психа и моралитет да се соочи со проблемот, а потоа да побара помош од сите релевантни институции“, рече таа.

    „Битола е едно од подрачјата во земјава со најголем број заболени од рак. Младата популација да оди што почесто на контроли за да се спречи ширењето на болеста. За жал, во последните години повеќе и повеќе млади пациенти се заболени. Самите ние докажавме дека со раното откривање болеста е излечива“, рече Александра Илиевска од Здружение „Јасмин“.

    Голем број битолчанки се приклучија на маршот.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира