САЕМ НА ВРАБОТУВАЊЕ ВО ГЕВГЕЛИЈА ЗА 500 РАБОТНИ МЕСТА ВО НОВИОТ „МЕГА ШОПИНГ ПАРК“

    САЕМ НА ВРАБОТУВАЊЕ ВО ГЕВГЕЛИЈА ЗА 500 РАБОТНИ МЕСТА ВО НОВИОТ „МЕГА ШОПИНГ ПАРК“Саемот за вработување ќе се одржи во спортската сала „Партизан“ од 9 до 17 часот.(Фото: СДК.МК)

    Во вторник на 7 април во Гевгелија ќе се одржи саем за вработување за потребите на новиот „МЕГА шопинг парк“. Саемот за вработување ќе се одржи во спортската сала „Партизан“ од 9 до 17 часот. Заинтересираните кандидати ќе можат директно да аплицираат за некоја од повеќе од 500 отворени работни позиции кај водечките светски и домашни брендови.

    „Доаѓањето на ‘МЕГА шопинг парк‘ во Гевгелија означува нова етапа за локалната економија и поттик за локалниот пазар на труд. Овој настан е наменет за сите професионалци во секторите продажба, угостителство, логистика и менаџмент кои сакаат да станат дел од првиот голем шопинг комплекс од ваков вид во овој дел на државата“, велат од компанијата.

    Во текот на целиот ден, посетителите ќе имаат можност за непосреден разговор со одговорните лица од компаниите, да ги достават своите биографии за повеќе различни позиции и детално да се информираат за условите за работа. Целта е кандидатите на лице место да добијат јасна слика за идните ангажмани и професионалните можности што ги нуди овој центар.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира