Нов претседател на Советот на Општина Охрид е Живка Ангелоска, дипломиран правник. Така денеска одлучија советниците од СДСМ и од коалицијата на Алијанса за Албанците, ДУИ и БЕСА. Ангелоска беше избрана за прв човек на општинскиот совет со 12 гласа „за”.
Ангелоска е долгогодишна активистка на СДСМ во Охрид, а беше и директор на ЈП „Градски пазар”.
„Ќе работам во интерес на сите граѓани на Охрид. Граѓаните ни ја дадоа довербата, сега останува на нас да ја оправдаме таа доверба“, изјави веднаш по изборот Живка Ангелоска.
Со изборот на претседател на Советот беше ставен крај на шпекулациите околу тоа дали и денес ќе биде избран негов претседател. Во Советот, СДСМ има 11 советници, ВМРО-ДПМНЕ 10, а Алијансата за Албанците, ДУИ и БЕСА двајца советници. Вкупно има 23 советници.
Д. ЧУБРИЌ