Основното јавно обвинителство (ОЈО) Куманово поведе постапка против 59-годишен кумановец, осомничен дека при вршење семејно насилство тешко ја повредил неговата сопруга.
„На 20 март во семејната куќа сопружниците имале вербална расправија, а осомничениот физички ја нападнал жената, удирајќи ја со тупаници и клоци по целото тело, при што ѝ предизвикал сериски фрактури на три ребра“, соопшти ОЈО Куманово.
Тој е осомничен за кривичното дело Тешка телесна повреда од член 131 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик, а јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Куманово доставил предлог за определување мерка притвор со цел обезбедување на осомничениот во текот на постапката.



