ЈП „Билјанини извори” ги интензивира активностите околу расчистувањето и уредувањето на просторот наменет за сидрење на пловни објекти, кој неодамна со одлука на Советот на Општина Охрид го презеде на времено управување.
„После алармантната ситуација што ја затекнавме при преземањето на локацијата, ЈП ‘Билјанини извори‘ достави барање до Хидробиолошки завод Охрид. Итната потреба за делување на ЈП ‘Билјанини извори‘ го потврди и доставеното мислење на најповиканата институција за заштита на Охридското Езеро, со кое ни се дозволува да се исчисти тињата од горниот брег кон Охридското Езеро, во должина од 20 метри и ширина од пет метри”, велат од ЈП „Билјанини извори”.
Во Студенчишкиот канал за претстојното лето се закупени сите места за сидрење на пловни објекти.
Д. ЧУБРИЌ