СЕ ИЗРОНИ СТИРОПОРОТ ОД НОВОИЗГРАДЕНОТО КИНО „МАНАКИ“ ВО БИТОЛА

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:45:"Битола,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    СЕ ИЗРОНИ СТИРОПОРОТ ОД НОВОИЗГРАДЕНОТО КИНО „МАНАКИ“ ВО БИТОЛА

    Новоизграденото кино „Манаки“ во Битола сè уште не е ни опремено, а веќе се изрони стиропорот од украсните орнаменти поставени на градбата. Белите делови од градбата кои наликуваа како да се од цврст градежен материјал, направени се од стиропор и дел од нив под дејство на атмосферските влијанија се изронија. Овие орнаменти се прикачени на цврстата градба и со нив требаше киното да го добие автентичниот лик како стариот објект каде во 1923 година браќата Манаки прикажувале филмови.

    Покрај стиропорот напред, од задната страна за градба на киното, во делот каде треба да биде салата за проекции, искористен е градежен материјал кој наликува на лим. Комплетниот лик на киното се покажа деновиве откако работниците ги тргнаа тарабите од пред објектот.
    Се обидовме да влеземе и внатре во објектот, но извесна жена која не знаеме дали е чувар на објектот, ни рече дека нема областување внатре да пушта новинари.
    Ваквиот лик на киното „Манаки“ предизвика реакции кај дел од битолчаните.
    „Киното изгледа како да почнува да се руши. Погледнете ги аглите, градени се со материјал, кој не одговара на ваква градба. Тоа е стриропор“, рече еден повозрасен битолчанец.

    Според информации од општината, за изградба на театарот се потрошени 900.000 евра, вели опозицијата во битолскиот Совет. (Фото: СДК.МК)

    Според информации од општината, за изградба на театарот се потрошени 900.000 евра, вели опозицијата во битолскиот Совет. (Фото: СДК.МК)

    За градбата на киното „Манаки“ со прес реагираше и локалната опозиција.
    „Изградбата на објектот со големина од 400 метри квадратни опфати два мандати на градоначалникот Владимир Талески и за истиот, според информации од општината, се потрошени 900.000 евра. Наместо материјали кои ќе отсликуваат едно време искористени се стиропор и пластифициран лим. Од тука, денес битолчани го нарекуваат киното, гулабарникот на Широк Сокак“, рече Благојче Котевски, советник од СДСМ.

    Изградбата на киното започна во 2013 година и се градеше според зачувани фотогрфии на киното „Балкан“ на браќата Манаки кое работело во 1923 до 1939 година на Широк Сокак. (Ж.З.)

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира