СЕ РЕКОНСТРУИРА РЕГИОНАЛНИОТ ПАТ ВЕЛЕС-ГРАДСКО, НО ЌЕ МОЖЕ ДА СЕ КОРИСТИ ЗА СООБРАЌАЈ

    СЕ РЕКОНСТРУИРА РЕГИОНАЛНИОТ ПАТ ВЕЛЕС-ГРАДСКО, НО ЌЕ МОЖЕ ДА СЕ КОРИСТИ ЗА СООБРАЌАЈРеконструкцијата ќе трае 9 месеци. (Фото: СДК.МК)

    Жителите на населените места во Општина Градско нема потреба да стравуваат по информацијата дека од денеска ќе биде затворен регионалниот пат Велес-Градско поради реконструкција. Информацијата од Авто мото сојузот на Македонија ги загрижи жителите дека во деветте месеци, колку според најавата ќе трае обновата на оваа делница, тие ќе мора да патуваат по автопат и да плаќаат патарина, која во еден правец е 60 денари.

    Од Јавното Претпријатие за државни патишта (ЈПДП) уверуваат дека со времениот режим, жителите ќе може да го користат регионалниот пат за патување до Велес и назад.

    „ЈПДП врши реконструкција на регионалниот пат Велес-Градско и заради безбедно изведување на работите добиена е дозвола од МВР за воведување времен режим на сообраќај. За таа цел, реконструкцијата на регионалниот пат е поделена во 7 секции и секоја секција се наоѓа меѓу две населени места, со што ниту едно населено место нема да биде отсечено“, ни изјавија од ЈП за државни патишта.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира