СЕ ВРАТИ НА ДОЛЖНОСТ НЕКОЛКУ ДЕНА ОТКАКО БЕШЕ РАНЕТ – ВО ТЕТОВО ОДБЕЛЕЖАНА 22-ГОДИШНИНАТА ОД ЗАГИНУВАЊЕТО НА ПОЛИЦАЕЦОТ ЦОКИ СТОЈАНОВСКИ

    СЕ ВРАТИ НА ДОЛЖНОСТ НЕКОЛКУ ДЕНА ОТКАКО БЕШЕ РАНЕТ – ВО ТЕТОВО ОДБЕЛЕЖАНА 22-ГОДИШНИНАТА ОД ЗАГИНУВАЊЕТО НА ПОЛИЦАЕЦОТ ЦОКИ СТОЈАНОВСКИПред бистата на Стојановски во кругот на полициската станица за безбедност во сообраќајот беше положено цвеќе (Фото: СДК.МК)

    Семејството и колегите од СВР Тетово денеска ја одбележаа 22-годишнината од загинувањето на полицаецот Цоки Стојановски, кој животот го загуби за време на конфликтот во 2001. Пред неговата биста поставена во кругот на полициската станица за безбедност во сообраќајот цвеќе положија претставници на тетовската полиција, офицери од касарната „Кузман Јасифовски-Питу“ од Тетово и роднини на Стојановски.

    „Денеска одбележуваме 22 години од загинувањето на нашиот колега Цоки Стојановски. Цвеќе положивме на неговиот гроб на градските гробишта во Тетово и овде во полициската станица за безбедност во сообраќајот, каде што Цоки работеше до својата смрт. Тој го изгуби животот додека беше на должност на полицискиот пункт кај тогашното Радио Тетово“, изјави Зоран Талев, командир на станицата за безбедност во сообраќајот.

    Иако неколку дена пред да загине бил ранет во нога, Стојановски по само три дена излегол од болница, велејќи дека татковината мора да се брани и се вратил во полициската станица. Смртно бил ранет при напад на полицискиот пункт каде што бил на должност.

    Полицаецот Цоки Стојановски (28) зад себе остави сопруга и две деца.

    З. АНДОНОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира