Инспектори од Агенцијата за храна и ветеринарство ( АХВ ) денес спроведуваат вонредни инспекциски контроли во кујните на 9 основни училишта во Општина Карпош со кои стопанисува истиот оператор со храна во чија сопственост е и централниот магазин кој се наоѓа во Основното училиште „ Димо Хаџи Димов“, се набавуваат репроматеријали за подготовка на храна.
Станува збор за операторот со храна „Ванила фуд“.
АХВ вчера соопшти дека околу 40 ученици од Основното училиште „Димо Хаџи Димов“ во скопската населба Влае во Општина Каарпош се пожалиле на стомачни болки. Меѓу нив е и помалиот син на премиерот Христијан Мицкоски.
„Во рамки на вонредните контрoли во овие училишта каде нема деца кои појавиле симптоми на труење со храна, се земаат мостри од храна и од работните површини за лабораториско тестирање. АХВ ги чека резултатите од тестирањата на земените примероци храна и од работните површини, земени во рамки на вчерашната вонредна инспекциска контрола која заедно ја спроведоа инспектори за храна на Агенцијата за храна и ветеринарство, Државниот здравствен и санитарен инспекторат, и Центарот и Институтот за јавно здравје“, соопшти денес Агенцијата.
Пред две години, Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ) објави дека 12 ученици се заразија од салмонела, од основните училишта „Владо Тасевски“, „Јан Амос Коменски“, „Војдан Чернодрински“ и од „Димо Хаџи Димов“ .
За време на надзорот, беа земени мостри храна за анализа и беа земени брисеви од работни површини и брисеви од жива и нежива средина. Од Инспекторатот сите кујни во основните училишта беа затворени.
По извршениот надзор, тогаш Агенцијата соопшти дека не беше најдена бактеријата салмонела во кујните на четирите основни школи во Карпош, ниту во централниот магацин на операторот со храна „Ванила фуд” кој се наоѓа во ОУ „Димо Хаџи Димов”. Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) тогаш исто така соопшти дека се негативни резултатите од вонредниот инспекциски надзор во школите.
- НЕМА САЛМОНЕЛА ВО КУЈНИТЕ НА ШКОЛИТЕ ВО СКОПСКАТА ОПШТИНА КАРПОШ, КАДЕ СЕ ЗАРАЗИЈА 12 УЧЕНИЦИ
- СЕДУМ УЧЕНИЦИ ОД ТРИ ОСНОВНИ ШКОЛИ ВО СКОПСКАТА ОПШТИНА КАРПОШ ЗАРАЗЕНИ СО САЛМОНЕЛА



