На градското шеталиште во Охрид, пред хотелот „Ројал“, синоќа падна автомобил во езерото. Станува збор за возило од марката „сеат“ и се претпоставува дека било паркирано на паркингот до хотелот.
На 3 април на истото ова место автомобил „пежо” исто така падна во езерото. Тогаш возачот се правдаше дека заборавил да ја крене рачната кочница.
Д. ЧУБРИЌ