СЕКОЈ ЕДЕН МОЖЕ ДА Е СЛЕДЕН – ИЛЈАДНИЦИ ЛУЃЕ БАРАА ПРАВДА ЗА ФРОСИНА КУЛАКОВА НА ВТОРИОТ ПРОТЕСТ ВО СКОПЈЕ

    СЕКОЈ ЕДЕН МОЖЕ ДА Е СЛЕДЕН – ИЛЈАДНИЦИ ЛУЃЕ БАРАА ПРАВДА ЗА ФРОСИНА КУЛАКОВА НА ВТОРИОТ ПРОТЕСТ ВО СКОПЈЕПротестот помина достоинствено, со километарска колона луѓе. (Фото: К. Попов)

    Километарска колона луѓе го исполни булеварот Партизански одреди и оттаму продолжи кон Собранието на вториот протест во Скопје по повод трагичната смрт на 22-годишната Фросина Кулакова, која загина на пешачки премин на 29 јануари.

    Иако еден од најмасовните изрази на револт и солидарност досега видени во Скопје, тоа беше постигнато со тишина и достоинство, со транспаренти и пароли.

    Маршот го предводеа родителите и сестрата на Фросина Кулакова (Фото: К. Попов)

    Секој еден може да е следен“, стоеше на големиот транспарент носен на челото на колоната, која тргна од пешачкиот премин кај Универзална сала, каде што младата модна дизајнерка од Неготино беше прегазена. Маршот го предводеа родителите и сестрата на Фросина Кулакова, кои неколку часа порано беа на протестот во Кавадарци. Се бараше правда за Фросина, но и затвор за таткото на 20-годишникот кој ја прегази.

    Фросина Кулакова беше прегазена на пешачкиот премин кај Универзална сала (Фото: К. Попов)

    Маршот имаше иста маршрута како првиот протест во петокот, па од Собранието се отиде кон Основното јавно обвинителство и Кривичниот суд.

    Фросина Кулакова беше прегазена на пешачки премин од 20-годишниот Васил Јованов, кој возел пијан и без возачка дозвола и со голема брзина поминал на црвено.

    Г. КОНЕВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира