Плажите во Охрид се полни речиси како во сезона.
Охриѓани и туристите го користат сончевиот викенд за да се искапат во езерото. Повеќето од плажите веќе не издаваат лежалки и ги имаат затворено шанковите, па луѓето на плажите носат свои столчињa, лежалки и чадори. На плажите Горица 2 и 3, каде што паркингот во сезона чинеше 200 денари, сега не се наплаќа.
„Водата во езерото не е многу постудена од август и ова е веројатно последниот топол викенд во овој период”, велат охриѓани.
Во градот уште има туристи од Балканот, најбројни се од Србија и Грција.
М. ЏАРОВСКА