ШАРЕНИОТ РЕВОЛУЦИОНЕР СТЕВАНОСКИ ЈА ОБВИНИ ПОЛИЦИЈАТА ЗА ФАЛСИФИКУВАЊЕ ДОКАЗИ

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:45:"Прилеп,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ШАРЕНИОТ РЕВОЛУЦИОНЕР СТЕВАНОСКИ ЈА ОБВИНИ ПОЛИЦИЈАТА ЗА ФАЛСИФИКУВАЊЕ ДОКАЗИ

    Активистот на Шарената револуција, прилепскиот адвокат Жаре Стевановски, смета дека одредени службеници на МВР извршиле фалсификување на добар дел од службените документи, кои се користат како докази против него, во судските постапки. „Че си лежите“, пораката којашто Стеваноски во неколку наврати ја испиша на асфалтот пред општинската зграда за време на протестите на Шарената револуција во Прилеп е причина за судските рочишта на кои ќе мора да се појавува отсега натаму. Сепак, тој е убеден дека нема законски основ за овие прекршочни постапки и верува во законитата одлука на Основниот суд во Прилеп.

    Прилепската полиција, против него до Основниот суд поднела четири прекршочни пријави по член 191 од Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата. Според полицијата, со тоа што ја испишал оваа порака, Стеваноски го загрозил сообраќајот и безбедноста на другите учесници. Но, за Стеваноски кој е еден најистакнатите учесници на Шарената револуција, ова е само уште една форма на притисок на власта, поради неговите отворени критики на адреса на локалната власт и поднесени пријави против локални политичари во прилепското Обвинителство, коишто се уште не добиле судски епилог.

    „Вака иницираните прекршочни постапки само ја потврдуваат намерата на локалните власти по секоја цена да извршат притисок врз мене, со цел моето санкционирање да послужи како пример со којшто ќе се дисциплинираат останатите учесници на Шарената револуција“, смета Стеваноски.

    Според него, нема основa за овој прекршок којшто му се припишува, затоа што прилепската сообраќајница каде е испишан графитот за време на протестите беше затворена. Од друга страна, полицијата ги обезбедуваше демонстрантите, а веднаш по протестите возила на локалните комунални претпријатија веднаш ја чистеа улицата.

    Иако е адвокат, Стеваноски има и свои двајца законски застапници пред судот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира