ШЕЕСЕТ ТОНИ ПЛАШИЦА МИСТЕРИОЗНО ИСЧЕЗНАА ОД КАНАЛОТ БИЛЈАНИНИ ИЗВОРИ

    ШЕЕСЕТ ТОНИ ПЛАШИЦА МИСТЕРИОЗНО ИСЧЕЗНАА ОД КАНАЛОТ БИЛЈАНИНИ ИЗВОРИНуркачи деновиве извадија десетина автомобиски гуми од дното на каналот и ваквото загадување е уште една опасност за плашицата (Фото: СДК.МК)

    Околу шеесет тони охридска плашица деновиве мистериозно исчезнаа од каналот Билјанини Извори кај Охрид. Големи јата на оваа вкусна риба како што допливаа до каналот, така и отпливаа кон езерската шир. Во оваа природно зимувалиште плашицата почна да се гуши уште во втората половина на ноември поради недостаток на вода и плиткиот канал.

    „Никој не знае каде отплива толку голема количина на плашица. Како што се појави, така и исчезна. Ова ми е првпат да видам како големи количини од оваа риба наеднаш снемуваат од каналот. Во средината на ноември во Студенчишкиот канал угина околу половина тон охридска плашица поради нискиот водостој. Пред некој ден видовме како нуркачи од дното на каналот извадија десетина автомобиски гуми. Ова е уште една опасност за плашицата која бара чиста вода”, вели познат охридски риболовец, кој тука лови со децении.

    На неколку метри од каналот преку лето е активна картинг патека.

    Д. ЧУБРИЌ

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира