ШЕСТМИНА УАПСЕНИ ВО ТЕТОВО И ОДЗЕМЕНИ 453 ШТЕКИ ЦИГАРИ И 199 КИЛА ТУТУН КОИ СЕ ПРОДАВАЛЕ БЕЗ ДОКУМЕНТАЦИЈА

    ШЕСТМИНА УАПСЕНИ ВО ТЕТОВО И ОДЗЕМЕНИ 453 ШТЕКИ ЦИГАРИ И 199 КИЛА ТУТУН КОИ СЕ ПРОДАВАЛЕ БЕЗ ДОКУМЕНТАЦИЈАОва со години е толерирано, сè до вчера кога во акција на тетовската полиција се приведени 6 лица кои продавале цигари и тутун, а за кои немале потребна документација. (Фото: СВР Тетово)

    Во Тетово, на просторот пред градскиот пазар, во секое време можат да се купат цигари без заштитни бандероли, а тука се продава и режен тутун. Ова со години е толерирано, сè до вчера кога во акција на тетовската полиција се приведени 6 лица кои продавале цигари и тутун, а за кои немале потребна документација.

    „На 20.05.2024 во периодот од 12.00 до 14.30 часот на улица Маршал Тито во близина на Зелениот пазар во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово презедоа мерки и активности за сузбивање на недозволени активности по Закон за акцизи и Кривичниот законик. При контролата, од слобода се лишени И. И. (59) од с. Камењане, Тетовско, Р. И. (66) од с. Ларце, Тетовско, Н. М. (59) од с. Селце, Тетовско, Р. С. (46) од с. Горно Палчиште, Тетовско, Р. А. (37) и Б. З. (64), двајцата од Тетово, поради основи на сомнение дека сториле кривично дело Избегнување на плаќање акциза по член 279-б од Кривичниот законик. Имено, при контролата кај овие лица пронајдени се и одземени вкупно 453 штеки разновидни цигари и 199 килограми разновиден тутун. Тие се задржани во полициска станица и по документирање на случајот ќе им бидат поднесени соодветни пријави“, соопшти СВР Тетово.

    Пред неколку години, од тетовскиот инспекторат беше извршена иста ваква акција за одземање цигари кои нелегално се продаваа на истото место кај Зелениот пазар. Но, тогаш лицата кои вршеа нелегална продажба се однесуваа крајно агресивно и ги нападнаа инспекторите и од службените возилата на инспекцијата си ги повратија кутиите со цигари кои им беа одземени.

    З. АНДОНОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира