Градоначалниците на Скопје и Атина, Петре Шилегов и Јоргос Каминис, се на вечера во еден скопски ресторан на кејот на Вардар пред утрешното потпишување на Меморандум за соработка. Каминис денеска дојде во возвратна посета, откако Шилегов ја посети Атина во февруари.
Тогаш на заедничката прес-конференцијата Шилегов и Каминис кажаа дека не зборувале за името, туку како да ја зголемат довербата меѓу граѓаните на двете земји преку реализирање на заеднички проекти.
Ова е прва официјална посета на градоначалник на Атина на Скопје. Лани во ноември во посета на Скопје на средби со премиерот Зоран Заев и градоначалникот Петре Шилегов беше солунскиот градоначалник Јанис Бутарис.
А. АНТЕВСКА