ШТИП ГИ ВРАЌА УНИФОРМИТЕ ВО ОСНОВНИТЕ ШКОЛИ, ВО ПРВАТА ФАЗА ЌЕ ГИ НОСАТ УЧЕНИЦИТЕ ОД ОДДЕЛЕНСКАТА НАСТАВА

    ШТИП ГИ ВРАЌА УНИФОРМИТЕ ВО ОСНОВНИТЕ ШКОЛИ, ВО ПРВАТА ФАЗА ЌЕ ГИ НОСАТ УЧЕНИЦИТЕ ОД ОДДЕЛЕНСКАТА НАСТАВАУниформите први ги добија учениците од ОУ „Тошо Арсов“ (Фото: СДК.МК)

    Општина Штип денеска почна да доставува ученички униформи во штипските основни училишта, што беше договорено во претходни консултации со родителите на учениците, кои изразиле став да се елиминираат класните разлики и барем во училиштата децата да бидат еднакви со својата гардероба.

    Униформите први ги добија учениците од ОУ „Тошо Арсов“, а од наредните денови, униформирани ќе бидат и учениците од одделенската настава во останатите штипски основни училишта, каде што носењето на униформите за време на наставата ќе биде задолжително.

    Во консултација со родителите и училишните одбори направена во првото полугодие, почнавме да го реализираме овој проект. За него се издвоени 4,5 милиони денари. Направивме пригодни и модерни униформи кои се состојат од памучни маици и дуксови, прилагодени за три временски сезони додека трае школската година“, рече градоначалникот на Штип, Иван Јорданов, при првото врачување на училишните униформи.

    Тој додаде дека се предвидува униформи да добијат и учениците од предметната настава, што значи дека и учениците од шесто до деветто одделение ќе добијат униформи.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира