ШТИПЈАНИ ИМ ОДДАДОА ПОЧИТ НА БРАНИТЕЛИТЕ ДИМИТАР ДВОЈАКОВСКИ И ВЛАТКО ПЕТРОВ КОИ ВО 2001 БЕА УБИЕНИ ОД ЗАСЕДА КАЈ ВАКСИНЦЕ

    ШТИПЈАНИ ИМ ОДДАДОА ПОЧИТ НА БРАНИТЕЛИТЕ ДИМИТАР ДВОЈАКОВСКИ И ВЛАТКО ПЕТРОВ КОИ ВО 2001 БЕА УБИЕНИ ОД ЗАСЕДА КАЈ ВАКСИНЦЕДенеска се положи цвеќе пред споменикот на бранителите кои биле убиени на трети мај во 2001 кај кумановското село Ваксинце, бранејќи ја државата од теророристичките напади на тогашната УЧК. (Фото: СДК.МК)

    На споменикот на македонските бранители, штипјани денеска им оддадоа почит на загинатите војници Димитар Двојаковски и Влатко Петров кои на трети мај 2001 беа убиени кај селото Ваксинце во заседа од УЧК. Цвеќе положија најблиските од нивните семејства и претставниците на Општината и АРМ.

    На одбележувањето на 23-годишнината од нивното убиство, беше речено дека Двојаковски и Петров се движеле со воениот транспортер кон селото Ваксинце, Општина Липково, каде наишле на заседа па без никакво предупредување повеќе од 70 припадници на тогашната УЧК отвориле непрекинати рафали од сите страни и ги убиле војниците кои ја бранеле државата.

    „Првично тие биле убедени дека го убиле високиот офицер на АРМ, полковникот Јане Двојаковски, татко на Димитар. Помладиот Двојаковски еден ден пред убиството се јавил на својата сопруга и едногодишниот син во Штип и им кажал дека утре ќе оди дома на викенд. Тоа биле последните зборови на Двојаковски кој бил член на специјалната единица ‘скорпиони’. Слично сторил и младиот војник Петров, кој им рекол на своите дека наскоро кога ќе се врати ќе прави свадба“, беше речено пред нивното спомен-обележје во паркот Кртеќе во Штип.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира