ШТИПСКАТА КОНФЕКЦИЈА „ВАБО“ ЌЕ ИМ БИДЕ ДАДЕНА НА КОРИСТЕЊЕ НА РАБОТНИЦИТЕ

    ШТИПСКАТА КОНФЕКЦИЈА „ВАБО“ ЌЕ ИМ БИДЕ ДАДЕНА НА КОРИСТЕЊЕ НА РАБОТНИЦИТЕОд Нова година со фабриката „Вабо“ ќе стопанисуваат работниците, кои ќе ја користат фабриката без никаков надомест првата година, а од втората само за минимална кирија. (Фото: СДК.МК)

    Од 1 јануари 2022 година, приватната конфекција „Вабо “ од Штип ќе премине во рацете на работниците кои во наредниот период ќе ја користат фабриката сосе целиот машински парк и со неа ќе стопанисуваат и остваруваат плати според производството и пласманот на производите кои исклучиво се наменети за странскиот пазар.

    Ова за САКАМДАКАЖАМ.МК го потврди и сопственикот на фабриката Ване Богдов, кој во оваа бранша е повеќе од 30 години. Тој потенцираше дека не се работи за сопственоста, туку само за правото на користење на фабриката со сета своја опременост.

    „Се заситив од работата, а и моите деца сакаат да се испробаат во други бизниси. За де не престане со работа фабриката, која е моше успешна се одлучив на ваков чекор. Одржавме состанок со работниците и го образложив целиот проект. Имаме од 120 до 150 искусен луѓе кадар со врвни и искусни стручни лица. Одредивме со фрабиката да менаџираат Тања Николова, стручен и искусен технолошки инженер и Дарко Роглев специјализиран за извоз“, вели Богдов.

    Тој се става на располагање во секое време да им помага на новите стопанственици и во обезбедувањето на извозот со германските партнери. Годишно се произведуваат 150 илјади женски панталони и 120 илјади женски блузи.

    „Се договориме првата година да не се плаќа никаков надомест, а од втората година под услов фабриката да работи со добивка, во што воопшто не се сомневам, да се плаќа само минимална кирија за 1.250 метри квадратни производствен простор. Сите параметри водат кон тоа дека режиски трошоци ќе нема, производството и пласманот постојано ќе се зголемува за неколку проценти и сè што ќе остварат ќе им се вкалкулира во нивните плати. И во делот на платите јас ќе им бидам гарант и ќе им помагам“, вели Богдов кој оваа фабрика ја отвори пред 25 години.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира