ШТИПСКИОТ УНИВЕРЗИТЕТ ЈА ЗАПОЧНА АКАДЕМСКАТА ГОДИНА СО ВАУЧЕРИ ЗА БРУЦОШИ И ПАРИЧЕН СТИМУЛ ЗА МЛАДИ ТАЛЕНТИ

    ШТИПСКИОТ УНИВЕРЗИТЕТ ЈА ЗАПОЧНА АКАДЕМСКАТА ГОДИНА СО ВАУЧЕРИ ЗА БРУЦОШИ И ПАРИЧЕН СТИМУЛ ЗА МЛАДИ ТАЛЕНТИРекторот Дејан Мираковски со талентираните идни студенти Амир Дестанов, Дамјан Давков, Ивана Мазнејкова и Марко Пејчиновски. (Фото: СДК.МК)

    Новата академска година на Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД) во Штип почна со околу 1.800 бруцоши, од кои десет по случаен избор денеска добија ваучери по 3.000 денари на првиот час што се одржа на отворено на платотото пред Економскиот факултет. УГД на првиот академски час додели парични награди и на талентирани, а идни студенти кои кои имаат натпросечни успеси во своите области. Новиот ректор Дејан Мираковски ги додели признанијата на четворица млади таленти во износ од 15.000 денари.

    Парично се стимулирани талентите Ивана Мазнејкова од областа уметност од Куманово, Дамјан Давков од Штип и Амир Дестанов од Скопје од областа природни науки и пливачкиот маратонец Марко Пејчиновски од Охрид од областа спорт. Дестанов е осмоодделенецот кој освои трето место на меѓународниот натпревар по математика „Кенгур 2022“, а е дете од улица и живее во тешка сиромаштија во дисфункционално семејство. Полуматурантот Давков е повеќекратен математички шампион. Средношколката Мазнејкова е наградувана пијанистка, а средношколецот пливачки маратонец Пејчиноски летово исплива 250 километри вдолж Охридското Езеро.

    Со ова, како што беше речено на првиот академски час, започнува реализацијата на мерките за препознавање и следење млади таленти во различни области. Штипскиот универзитет продолжува и со контунуираното стимулирање на најдобрите студенти со доделување стипендии во соработка со стопанството.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира