ШТИПСКИТЕ АРМИСКИ И ПРОТИВПОЖАРНИ ЕДИНИЦИ ПОСТАВУВААТ БАЗЕНИ ПОД СЕРТА ЗА ХЕЛИКОПТЕРИТЕ ДА ПОЛНАТ ВОДА ЗА ГАСЕЊЕ НА ПОЖАРОТ

    ШТИПСКИТЕ АРМИСКИ И ПРОТИВПОЖАРНИ ЕДИНИЦИ ПОСТАВУВААТ БАЗЕНИ ПОД СЕРТА ЗА ХЕЛИКОПТЕРИТЕ ДА ПОЛНАТ ВОДА ЗА ГАСЕЊЕ НА ПОЖАРОТГумените базени за црпење вода се за да не се префрлат пожарите и на штипскиот дел на планината, каде има повеќе армиски објекти. (Фото: СДК.МК)

    Во околината на штипските села Драгоево, Селце и Пенуш, кои се од штипската страна под планината Серта, деновиве се поставуваат специјални гумени базени од кои хеликоптерите можат да полнат вода за гасење на пожарите. Голем број армиски и противпожарни возила-цистерни постојано ги полнат овие базени за хелекоптерите кои гаснат на Серта да не дозволат пожарите да се префрлат и на штипскиот дел на планината, каде има повеќе армиски објекти.

    Противпожарни и армиски сили од гарнизонот во Штип деновиве се на готовс, па неколку илјади припадници се веќе на опасните зони за да не дозволат пожарите од страната на Неготино да се префрлат во штипските атари.

    Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов, вели дека ниту едно населено место не е во опасност. Тоа важи и за селата Селце, Драгоево и Пенуш каде превентивно има единици да гасат од земја.

    Штипскиот кризен штаб ја оцени состојбата со пожарите како мошне сериозна и презема повеќе мерки за постојано присуство и дејствување од земја и од воздух за да не се прошират пожарите и во штипскиот дел на регионот под Серта.
    Вчера и денеска забранет е сообраќајот на патот Штип-Неготино преку Серта кај селото Пепелиште, па место тој пат се користи од Штип за Неготино, Кавадарци и Демир Капија се користи експресниот пат преку Велес и Градско.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира