ПОЧИНА ШТИПСКИОТ СРЕДНОШКОЛЕЦ ЗГАЗЕН ОД КОЛА ПРЕД ДВЕ НЕДЕЛИ, СОУЧЕНИЦИТЕ НАЈАВУВААТ НОВИ ПРОТЕСТИ

    ПОЧИНА ШТИПСКИОТ СРЕДНОШКОЛЕЦ ЗГАЗЕН ОД КОЛА ПРЕД ДВЕ НЕДЕЛИ, СОУЧЕНИЦИТЕ НАЈАВУВААТ НОВИ ПРОТЕСТИОд претходниот протест на учениците од ЕМУЦ „Никола Нехтенин“, кој се одржа два дена по трагичниот настан (Фото: СДК.МК)

    По две недели во кома, синоќа починал 15-годишниот средношколец, кој на 9 ноември беше прегазен на пешачкиот премин пред ЕМУЦ „Никола Нехтенин“ во Штип. Тешката сообраќајка ја предизвикал возачот Б.М. (68) од Кочани, кој со голема брзина го удрил ученикот и притоа со автомобилот го влечел дваесетина метри.

    Во Штипската клиничка болница на тешко повредениот ученик, кој бил во бессознание, му биле извршени две операции на главата, но поради сериозноста на повредите, тој бил префрлен на натамошно лекување во Скопје, кадешто починал.

    Учениците од „Никола Нехтенин“, но и од други училишта, два дена по несреќата организираа протест на улицата Партизанска на влезот во Штип од правец на Скопје. По информациите дека нивниот сокласник починал, се најавуваат нови протести, со барање за ригорозни казни за несовесните возачи и конкретни мерки за поголема безбедност во сообраќајот.

    Градските сообраќајни инспектори и локалните власти засега најавија само изградба на кружен тек во близина на училиштето, а родителите на учениците бараат и изградба на мост над улицата за поголема безбедност на учениците, но и на другите пешаци.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира