ШТРАЈК НА МАШИНОВОЗАЧИТЕ И МАШИНСКИОТ ПЕРСОНАЛ ОД МЖ ТРАНСПОРT, ВОЗОВИТЕ ОД ПОПЛАДНЕВО НЕ СООБРАЌААТ

    ШТРАЈК НА МАШИНОВОЗАЧИТЕ И МАШИНСКИОТ ПЕРСОНАЛ ОД МЖ ТРАНСПОРT, ВОЗОВИТЕ ОД ПОПЛАДНЕВО НЕ СООБРАЌААТЖелезничарите штајкуваат оти не им била исплатена втората половина од февруарската плата како и исплата на надоместоци за ноќна работа на кондуктерите. (Фото: СДК.МК)

    Машиновозачите се во штрајк и од попладнево во прекин е железничкиот и патнички и товарен сообраќај. Бидејќи не им била исплатена втората половина од февруарската плата како и исплата на надоместоци за ноќна работа на кондуктерите, машинскиот персонал на МЖ Транспорт од попладнево започна со штрајк.

    „Бојкотот ќе трае сè до исполнување на барањата. И да пуштат плата денес, бојкотот ќе продолжи додека не бидат исполнети сите барања“, вели Тони Димовски, претседател на синдикатот на машиновозачите и претставник на машинскиот и извршниот персонал на МЖ Транспорт.

    Последен патнички воз кој возеше беше пладневниот од 13,20 ч. кој тргнува од Скопје до Велес.

    Од синдикатот бараат и вработување на 40 машиновозачи за што во февруари испратиле барање до Министерството за транспорт и врски, Министерството за финансии и до Владата. Бараат зголемување на вредноста на бодот за 30 проценти.

    Патничкиот железнички сообраќај во Македонија е во лоша состојба. Од неодамна возовите на релација Скопје- Велес возат со 20 км/ч и ја минуваат за два часа, наместо за еден. Патнички возови кон Кичево и Кочани нема без малку две години. Мал е бројот и на патнички возови но и на локомотиви. Како резултат на тоа опаѓа бројот на патници кои ја користат услугата на железницата како превоз.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира