ШВАЈЦАРИЈА ДОДЕЛИ 140.000 ЕВРА ЗА ЕКО-НИВИ ЗА ЗАШТИТА НА РЕКАТА СТРУМИЦА

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:49:"Струмица,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ШВАЈЦАРИЈА ДОДЕЛИ 140.000 ЕВРА ЗА ЕКО-НИВИ ЗА ЗАШТИТА НА РЕКАТА СТРУМИЦА

    За да не ги загадуваат нивите вдолж реката Струмица, Швајцарската агенција за обнова и развој додели 140 илјади евра на триесет земјоделци од Струмичко-Радовишкиот регион. Станува збор за грантови во опрема, за примена на агроеколошки мерки, со кои земјоделците ќе имаат квалитетно и еколошки здраво производство и ќе ги намалат штетните последици од користење на пестициди врз сливното подрачје.

    „Воведувањето на современи агроеколошки мерки ќе придонесе за зголемување на приносите и намалување на примената на агрохемикалиите и водата за наводнување, со што директно ќе се намалат производните трошоци, како и влијанието врз животната средина. Овие земјоделци треба да станат пример за современо и одржливо земјоделско производство, што ќе може понатаму да се пресликува на многу поголема земјоделска површина во сливното подрачје“, рече Луиза Винтон од УНДП што го имплементира проектот за управување со сливот на реката Струмица вреден 2,7 милиони швајцарски франци под наслов „Вода за сите“.

    Се очекува во 2017 да се имплементира и втор циклус на обуки и доделување на грантови за воведување агроеколошки мерки, со што ќе се овозможи зголемување на конкурентноста на земјоделското производство во регионот и намалување на неговото влијание врз животната средина.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира