ШВАЈЦАРЦИТЕ ГИ ОРГАНИЗИРААТ БИТОЛЧАНИ ДА СИ ГО ИСЧИСТАТ ЃУБРЕТО

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:45:"Битола,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ШВАЈЦАРЦИТЕ ГИ ОРГАНИЗИРААТ БИТОЛЧАНИ ДА СИ ГО ИСЧИСТАТ ЃУБРЕТО

    Битолчани во сабота организирано ќе го чистат делот на касарната се до болницата од расфрленото ѓубре. Ова ќе биде една од помасовни организирани еколошки акции во Битола во која граѓаните со личен пример треба да покажат дека се грижат за чиста животна средина. Имено, асоцијацијата  „Ајде Македонија“   со главниот покровител Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ) преку Цивика Мобилитас го спроведува проектот „Македонија без отпад 2016“.

    Акцијата ќе започне во 10 часот и ќе има ем еколошки, ем рекреативен карактер. За сите учесници ќе бидат обезбедени гумени ракавици и вреќи.

    Во акцијата ќе се вклучи и општина Битола преку чистење на единаесет диви депонии со механизација на други локации. Дел од депониите и претходно биле чистени, но повторно ги создале несовесни граѓани незаконски фрлајќи отпад.

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира