СИ ГО СПАСИЛА ДЕТЕТО ОД ЗМИЈА ОТРОВНИЦА ВО ГРАНАПЧЕ

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:51:"Волковија,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    СИ ГО СПАСИЛА ДЕТЕТО ОД ЗМИЈА ОТРОВНИЦА ВО ГРАНАПЧЕ

    Змија отровница влегла во гранапче во тетовското село Волковија, но исплашената сопственичка успеала да го заштити 3-годишниот син кој во моментот си играл внатре и бил стаписан, оти змијата била на десетина сантиметри од него. Ова се случило едно пладне пред неколку денови, во малата колонијална продавница на Катерина Антовска Јаневска која се наоѓа на влезот во Волковија.

    Работите тој ден се одвивале секојдневно, доаѓал по некој купувач, збор-два муабет со соседите или со познаниците кои одат по патот кон селото.

    Траги од крвта на отепаната змија (Фото: Зандон)

    Траги од крвта на отепаната змија (Фото: Зандон)

    “Во тој момент, јас бев пред дуќанот и разговарав со еден човек од соседното село кој ме прашуваше дали имам мед за продавање. Во дуќанот беше мојот тригодишен син Лука, кој знае често пати да дојде во дуќанот и тука да седи со мене. Додека јас разговарав слушнав како тој вика по мене ’Мамо дојди земи ме, мамо дојди земи ме’. Не реагирав веднаш, но додека разговарав со човекот на двапати како да слушнав слушнав некакво шушкање и с’скање од внатре. Си помислив Лука нешто бара низ тезгите, можеби некој чипс. Откако замина човекот, а нашиот разговор траеше мошне кратко, влегов во дуќанот да го земам Лука. Од глетката што ја видов се стаписав. И сега, кога ќе се присетам на тие моменти, трнки ми минуваат низ телото. На средината од дуќанот на само десетина сантиметри од син ми Лука се наоѓаше змија, долга речиси еден метар, зелена со разни шарки на неа и се движеше кон него. Не знам дали Лука ја видел ама и тој стоеше како стаписан. Во тој момент силно се уплашив, но не ме фати паника. Сѐ уште не знам од каде ми дојде таа сила и храброст, со еден чекор дојдов до Лука и со невидена сила го грабнав и го качив на работната маса. Ја соблеков влечката и почнав да удирам по змијата. Таа почна да бега низ продавницата, јас по неа. Тогаш не размислував дали змијата може да ме касне мене, важно ми беше само да ја избркам подалеку од Лука. Брканицата низ дуќанот траеше кратко и во еден момент змијата дојде до вратата. Јас тогаш со сета сила ја затворив вратата, а змијата остана заглавена и пригмечена на прагот. Половината и беше во дуќанот а другата половина и беше надвор. Силно с’скаше и се превиткуваше, но не можеше да побегне. Тогаш дојде свекор ми, нашиот дуќан е дел од семејната куќа, и со неколку удари ја усмрти змијата. Ја зеде со стап и ја фрли на блиското буниште. Е, дури тогаш здивнав, го грабнав син ми и веднаш се качив горе во куќата“, раскажува Катерина и вели дека змијата била отровница најверојатно шарка која спаѓа меѓу најголемите отровници кои живеат на овие простори.

    Додека се потсетуваше на настанот, во дуќанот влезе нејзината сосетка Каја.  Знаеше за змијата во гранапот, но воопшто не е изненадена за тоа што се случило.

    “Некогаш Волковија беше едно од најнапредните и најголеми села во овој крај, но денес рачиси сосем е запуштено. Затоа има повеќе змии отколку луѓе. Младите речиси сите се иселија, а и овие неколкумина што останаат и тие ќе најверојатно ќе бегаат. Насекаде е ѓубре, нема контејнери, не работи уличното осветлување. Па после се чудиме што се појавиле змии“, вели Каја.

    Но ова не е единствен случај во Волковија нејзините жители да имаа блиски средби со змии отровници. Ги наоѓале во подруми, во штали па дури влегувале и во куќи. И на Катерина ова не ѝ е прва средба со змија во нејзиниот дуќан.

    “Минатата година, мислам дека беше напролет, додека со правосмукалка го чистев дуќанот позади еден фрижидер всмукав една мала змија. Не беше подолга од дваесетина сантиметри.Но тогаш не се исплашив. Сега беше сосем друго, морав да се борам и да го заштитам син ми.“ вели Катерина.

    З. Андонов

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира