Само денеска во општина Липково имаме шест нови случаи на позитивни на коронавирус, објави Општина Липково на Фејсбук.
„Бројот на лица заразени од коронавирусот, за жал, продолжува да биде вознемирувачки, и покрај честите апели од наша страна и продолжува да расте сè повеќе. Од шесте случаи денеска во кумановскиот регион, сите шест се од нашата општина – Липково“, велат од општината.
Затоа, апелираат пак од општината, уште еднаш ве замолуваме најискрено да ги почитувате препораките, како избегнување на собири на плоштадите, пред разни објекти и други јавни површини, одржување физичка дистанца од минимум 2 метра и користење заштитни маски и ракавици или често миење на рацете.