СИТЕ ЖИТЕЛИ НА СТОЈАКОВО И СЕЛЕМЛИ СО ПРОЛИВ И ПОВРАЌАЊЕ

    СИТЕ ЖИТЕЛИ НА СТОЈАКОВО И СЕЛЕМЛИ СО ПРОЛИВ И ПОВРАЌАЊЕВо селската амбуланта во Стојаково, жителите ред чекаа за преглед или да примаат инфузија. (Фото: СДК.МК)

    Жителите на населените места Стојаково, Богданци и Селемли, Гевгелија веќе цела недела се жалат на пролив, болки во стомакот и повраќање, а некои и со главоболки. Во селската амбуланта во Стојаково, жителите ред чекаа за преглед или да примаат инфузија. Медицинската сестра потврди дека сите пациенти се со слични симптоми и дека 90 отсто од населението од овие села побарале медицинска помош кај матичните лекари, но и во болницата во Гевгелија.

    „Не знам од што е, но со цело семејство доаѓам на инфузија. Страшни болки во стомакот имаме. Прво децата, а сега и нас. Примаме инфузија“, кажа Гордана Џивџиева од Стојаково.
    Од болницата во Гевгелија потврдија дека изминатава недела над стотина пациенти од овие две села побарале помош. Имале стомачни болки, пролив, Дел биле задржани на лекување по пат на дневна болница.

    Засега не се знаат причините, но се претпоставува дека причина била водата од водоводот во која имало фекалии. Директорката на ЈП „Комуналец“ Убавка Вегова од Гевгелија не одговараше на нашите повици да каже дали имало дефект и мешање на фекалиите.

    В. ТРАЈКОВ

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира