СКОПЈАНИ ДА НЕ СЕ ДВИЖАТ НА ОТВОРЕНО БЕЗ ПОГОЛЕМА ПОТРЕБА, РЕЧЕ МИНИСТЕРОТ ЗА ЗДРАВСТВО АЛИУ ПО ПОЖАРОТ ВО „ДРИСЛА“

    СКОПЈАНИ ДА НЕ СЕ ДВИЖАТ НА ОТВОРЕНО БЕЗ ПОГОЛЕМА ПОТРЕБА, РЕЧЕ МИНИСТЕРОТ ЗА ЗДРАВСТВО АЛИУ ПО ПОЖАРОТ ВО „ДРИСЛА“Воздухот во моментот не е на ниво на загаденост кој што предизикува здравствени проблеми кај граѓаните“ , рече Алиу, иако според мерните инструменти вчера, 10 септември, на мерното место во населбата Лисиче е надминат прагот од максимално дозволените вредности на ПМ ) честички од 50 мг/м3, биле измерени 53,3 мг/м3. (Фото: К. Попов)

    Министерот за здравство Азир Алиу им препорача на скопјани да не се движат на отворено, ако немаат потреба. Нагласи дека загадувањето овие два дена не предизвикувало проблеми по здравјето на граѓаните. По пожарот во депонијата „Дрисла“, мерните инструменти на Министерството за животна средина измерија дека вчера, 10 септември, на мерното место во населбата Лисиче е надминат прагот од максимално дозволените вредности на ПМ ) честички од 50 мг/м3, биле измерени 53,3 мг/м3. На мерното место во Центар биле измерени 44мг/м3.

    Од завчера попладне, воздухот во Скопје силно мириса на изгорена гума откако се запали депонијата „Дрисла“, а над градот густ чад има над градот. Смрдеата се чувствува и денеска. Синоќа интензивна смрдеа на изгорена гума се чувствуваше во скоро сите скопски општини, чадот штипе за очи и грло.

    „Заедно со Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) анализиравме дали постои некој тип на загадување со штета по здравјето на граѓаните. Мирисот на чад се чувствува и не е пријатен. Воздухот во моментот не е на ниво на загаденост, кој што предизикува здравствени проблеми кај граѓаните. Препорачувам граѓаните да не се движат надвор, каде не е неопходно“ , рече Алиу по посетата на Градската општа болница (ГОБ) „8 Септември“ во Скопје.

    (Извор : Министерство за животна средина)

    Директорот на Болницата, д-р Синиша Стојаноски, на прашањето дали има зголемен број на пациенти со проблеми со респираторните органи, не одговори прецизно, но рече дека доаѓа период кога ќе има зачестени респираторни проблеми, поради што хронично болните ќе треба да се вакцинираат од сезонскиот грип, и дека вакцинацијата треба да почне навреме.

    „Доаѓа есенскиот период, па горнореспираторните и долнорепсираторнтеи инфекции ќе бидат чести. Ќе мора да се мониторира и квалитетот на воздухот и во соработка со Министерството за здравство да бидеме 24/7 достапни за граѓаните, за периодот да го поминеме со помал број посериозни заболувања од респираторен тип. Претпоставувам дека Министерството за здравство за краток период ќе излезе со препораки, за хроничните болни, кои ќе мора да се вакцинираат од сезонски грип, и таа да почне навреме за да не ни се преполнат амбулантите со пациенти“,  кажа директорот на „8 Септември“.

    Премиерот Христијан Мицкоски вчера рече дека воздухот кој го дишат скопјани иако изгледа загадено, мерењата не покажуваат зголемени токсични вредности.

    „Нема зголемени такви параметри кои што се алармантни. Тоа е визуелно така, но кога се испитувани параметрите не се така алармантни. Но лошо е тоа да се прави. И ќе се прави и има причина зошто се прави. Затоа го поставив прашањето на кој му одговара да се случува сега? Кога ќе дадете одговор на ова прашање ќе ви стане јасно кој и зошто тоа го прави“, рече Мицкоски.

    Оваа изјава на премиерот предизвика остри реакции на осуда во јавноста.

    Денеска тој ја повтори инсинуацијата дека пожарите на депониите се користат за да се минимизира успехот во справување со пожарите во летната сезона.

    „Е сега очигледно на некој тоа му пречеше и периодот на предизборие го користи за да создаде паника и негодување“, без да прецизира кому му пречи и дали има истраги што ги потврдуваат неговите тврдења.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира