СМРТТА ДЕМНЕ, ВОЗЕТЕ ВНИМАТЕЛНО – ГЕРИЛА АКЦИЈА КАЈ РАДОВИШ

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:47:"Радовиш,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    СМРТТА ДЕМНЕ, ВОЗЕТЕ ВНИМАТЕЛНО – ГЕРИЛА АКЦИЈА КАЈ РАДОВИШ

    На патот Штип-Струмица кај Радовиш, граѓански активисти во герила акција поставиле предупредување до учесниците во сообракајот да бидат внимателни, бидејки смртта постојано ги демне.

    Предупредување со информативна табла, но и со симболот на смртта се поставени на пет километри пред Радовиш со цел да се подигне свеста кај учесниците во сообраќајот за почитување на сообраќајните правила и прописи, но и да се вози според условите на патот.

    На овој патен правец, тешка сообраќајната несреќа имаше и музичарот Зоран Маџиров, кој се уште е во кома од октомври. Во првите два месеци од годинава се случија вкупно шест сообраќајки при што четири лица – два брачни пара се здобија со потешки повреди.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари