СНЕГ НАВРНА НА ПОПОВА ШАПКА

    СНЕГ НАВРНА НА ПОПОВА ШАПКАСепак, овој снег е мек и не е добар за скијање. (Фото: Фејсбук)

    На Шар Планина ноќеска наврна снег, прекривка дебела од 10-20 сантиметери, а толку снег тука немаше ниту во јануари. Сепак, овој снег е мек и не е добар за скијање.

    Во Полошкиот Регион деновиве времето е студено, со обилни врнежи, особено ноќеска.

    Поради високите температури кои до неодамна беа секојдневие на Шар Планина, Ски-центарот Попова Шапка уште на 19 март објави дека зимската сезона е затворена, бидејќи немаше услови за скијање.

    З. АНДОНОВ

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира