Врз повеќемина битолчани кои денеска се движеле низ градот, се струполија големи парчиња снег од покривите на зградите крај кои минувале. Температурата над нулата предизвика топење на снегот по улиците, но и од покривите на објектите низ градот, па големи парчиња паѓаат по тротоарите.
„Крај дуќанот минуваа мајка и дете кога врз нив како бомба отпадна големо парче снег од покривот на зградата. Во себе содржеше и грутки мраз. За среќа не ги повреди, само ги исплаши и детето плачеше”, вели битолчанец кој има дуќан во близина на паркингот кај Поштата.
Изминатава недела во Битола наврна снег и создаде снежна покривка до 35 сантиметри.
Ж. ЗДРАВКОВСКА