СО 16.000 ЕВРА ОПШТИНАТА ЌЕ ПРАВИ ИЗЛОЗИ ВО ТРАДИЦИОНАЛЕН СТИЛ НА 6 ДУЌАНИ ВО ОХРИДСКАТА ЧАРШИЈА

    СО 16.000 ЕВРА ОПШТИНАТА ЌЕ ПРАВИ ИЗЛОЗИ ВО ТРАДИЦИОНАЛЕН СТИЛ НА 6 ДУЌАНИ ВО ОХРИДСКАТА ЧАРШИЈАНа 6 дуќани ќе им бидат заменети излозите со дограма од дрво или имитација на дрво. (Фото: СДК.МК)

    Охридската чаршија ќе го враќа традоционалниот автентичен изглед на објектите со проект за кој Општината издвои 1 милион денари (околу 16.000 евра). Со проектните активности што ќе започнат пролетва, опфатени ќе бидат 6 дуќани на кои ќе им бидат заменети излозите со соодветна дограма, а ќе бидат вклопени и рекламите според одредени нормативи.

    „Проектните планови предвидуваат продавниците и угостителските објекти да го вратат традиционалниот изглед на излозите од дрво или имитација на дрво“, вели Ѓоко Апостолов од Секторот за туризам и локален економски развој при Локалната самоуправа (ТЛЕР).

    Апостолов додава дека изминатиов период била направена целосна анализа за состојбата на дуќаните и објектите според која ќе се изведуваат активностите за враќање на традиционалниот изглед.

    „Направена е анализа за сегашната состојба во која се опфатени објекти на потегот од ‘Света Софија’, градскиот плоштад, чаршијата па се до вториот Чинар, а се планира и изработка на правилник. Со документот ќе се дефинираат нормите за изгледот на секој објект, но не само изгледот на излозите туку поставувањето на рекламите и надворешните клима уреди“, вели Апостолов.

    Според него, предвидените активности за враќање на автентичноста на чаршијата ќе бидат основа за изгледот на градот во иднина.

    „Ќе ја добиеме основата како да го замислиме градот, угостителските обејкти, формата на тенди, чадори, столици, жардинери и слично. Ќе ја даде визијата како да изгледа во иднина Охрид. За имплементација е потребно многу средства, време и соработка со сите сопственици на дуќани. Не е нешто што се менува преку ноќ туку е долгорочен проект“, вели Апостолов и најави дека по завршување на пилот-проектот ќе се бараат средства за продолжување на активностите и врз останатите дуќани во чаршијата.

    С. ВРЕНЦОВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира